Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски направија увид на површините погодени од невремето кое се случи вчера во Ресен.
По увидoт, Костадиновски и Стрезовски сретнаа со земјоделците чии површини беа зафатени од невремето, информираат од Министерството за земјоделство.
Со цел да им се помогне на оштетените земјоделци, градоначалникот на општина Ресен формираше пет комисии за проценка на штета, чие задолжение ќе биде во најкус можен рок да извршат посета кај оштетените земјоделци и да констатираат за колкави штети станува
збор.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и градоначалникот на општина Ресен утре ќе ги посетат сите места кои беа зафатени од невремето, а потоа во општината ќе одржат средба со земјоделците, со цел да им се излезе во пресрет и да се
изнајдат соодветни мерки за заштита од вакви непогоди во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Земјотресите во Охрид се намалуваат по интензитет и зачестеност, комисиите ги проценуваат штетите
-
Екипите на Град Скопје ги расчистуваат последиците од вчерашното невреме
-
Почна пријавувањето на штетите на земјоделците од пролетниот мраз
-
Велешани од денеска може да ги пријават штетите на земјоделските култури од студот