Францускиот интернационалец од шпанска Валенсија, Жереми Матје, ќе игра во Барселона во следните 4 сезони, а трансферот ги чини Каталонците точно 20 милиони евра.
Валенсија го купи Матје од Тулуз за тројно помала сума во 2009 година, а одбранбениот играч висок 190 сантиметри одигра неколку одлични сезони за клубот од „Месталја“.
Тоа го поттикна раководството на Барса да го купи Матје, а интересно е што веднаш е одредена и откупната клаузула во висина од 50 милиони евра. Толку пари ќе треба да плати клубот што би го ангажирал бекот од Франција пред да му истече договорот со Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија