| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец нападнал полицаец

На бул.„Климент Охридски“ во Скопје денеска при вршење на службени работи од страна на полициски службеник е сопрено патничко моторно возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(30) на кого му било извршено алкотестирање, при што било утврдено присуство на алкохол во крвта 1,64 промили.

policija

 

Кога полицискиот службеник почнал со изрекување на мерка управување на возило во јавен сообраќај под дејство на алкохол, во тој момент сопатникот во возилото ја отворил вратата од службеното возило и почнал да го омаловажува истиот со погрдни и вулгарни зборови, по што бил усно предупреден да се врати во возилото, но истиот се обидел насилно да ја земе сообраќајната дозвола, за што уште еднаш бил усно предупреден за неговото однесување. Во тој момент сопатникот се затрчал кон полицискиот службеник и со еден удар го удрил во левата страна на градите и уште еден удар во десната рака на мускулот над подлактицата.

Тој е приведен во Полициска станица Центар, утврден му е идентитетот и се работи за А.Д.(33).

По целосно расчистување на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top