| четврток, 6 декември 2018 |

Надал: Не гледам причина да не играм покер професионално по тениската кариера

rafa nadal 1

Најдобриот шпански тенисер на сите времиња и еден од најдобрите во светот Рафаел Надал за интервијуто дадено за покерстарс.ком откри со што ќе се занимава по завршувањето на богатата тениска кариера.
Познато е дека Надал во своето слободно време редовно игра покер со пријателите и дека тоа му причинува задоволство и не ја крие можноста по завршувањето со тенисот да седне на маса за покер и одигра неколку професионални турнири во покер. Тој редовно игра покер со Роналдо, Шевченко, Алберто Томба, но и со еден од најголемите покер играчи во светот Даниел Неграну.

poker

– Слободното време кое малку го имам го користам да одиграм партија покер со пријателите. Тоа ме опушта бидејќи редовно разговараме и има пријатна атмосфера – изјави Надал

– По завршувањето на тениската кариера сакам да одиграм некој професионален покерски турнир и тоа не го кријам. Можеби тоа нема да биде турнир од светската серија, но би сакал да одиграм неколку турнири од помал ранг доколку ми се укаже прилика – додаде леворакиот тенисер, моментно втор на АТП ранг листата.

rafa nadal

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top