Царинската управа на Македонија ја одложи за денеска најавената промоција на реконструираната зграда со придружни објекти на граничниот премин Богородица.
Според соопштението од Царинската управа, настанот се одложува од оправдани причини, а за нов термин ќе има дополнително известување.
Реконструкцијата вредна 193.000 евра е реализирана во рамки на Проектот BORDER IN финансиран од ЕУ, како дел од програмата за прекугранична соработка со Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.