Силно невреме вчера вечер го зафати битолскиот регион, кое било кобно за семејство од битолското село Кишава, јави Алфа.
Околу 17 часот додека двајца овчари ги напасувале овците кај месноста „Граешки ливади“ над село Граешница, гром удрил во стадото и убил над седумдесет овци, пет кози и две кучиња.
Од силниот удар, овчарите и уште две деца биле повредени. Едниот овчар бил во безоснание два часа, а другиот бил префрлен во болница на лекување.
Шетата дополнително ќе се утврдува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.