| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнале 82 трупови од „возот на смртта“?

voz ukraina trupovi

Откако „возот на смртта“ од источна Украина која е под контрола на проруските сепаратисти стигна до Харков, град под контрола на властите во Киев, било утврдено дека во вагоните-фрижидери има 200 лешеви на загинати од соборениот малезиски авион.

Претходно беше познато дека во авионот имало 298 патници и членови на екипажот, а соопштено било дека во возот биле внесени 282 тела, така да се поставува прашањето каде се останатите трупови?

Организацијата за европската безбедност и соработка вчера објави дека на самото место на трагедијата има уште посмртни останки.

– Забележавме мали делови на тела на местата на несреќата, изјави портпаролот на ОБСЕ Михаел Бочиуркив. Тој додал дека во неговата организација мислеле дека акцијата за отстранување на труповите е завршена, но тогаш членови на тимот за набљудување забележале пластична вреќа со човечки остатоци, а членовите на малезиската амбасада на друго место почувствувале силна реа која мислат дека доаѓа од распаднати лешеви.

Холандскиот тим задолжен за преземање на телата и нивно префрлување во Амстердам ветува дека нема да ја напушти Украина додека и последните осатоци не бидат собрани.

Претходно се појавија информации дека при уривањето на авионот, леталото се претворило во огнена топка при што некои патници целосно изгореле при падот. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top