| четврток, 6 декември 2018 |

И денеска врнежливо, но со значително послаб интензитет

dozd-cadori03

И во среда остануваме под циклонско влијание. Но, сепак овој циклон ќе биде значително ослабнат во однос на вторник. И среда ќе биде претежно врнежлива. Претпладне ќе има појава на местимичен дожд, а во втората половина од денот врнежите ќе зачестат во поголем дел од земјата. Повторно има веројатност за локално поинтензивни процеси, проследени со зачестена појава на грмежи и релативно краткотраен пороен дожд. Во текот на вечерта атмосферата постепено ќе се стабилизира.

Според метеопро.мк, максималната ќе достигне вредност околу 27°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 26°С во југозападното подрачје. Традиционално најтоплиот регион, југоисточниот очекува максимална околу 29°С
Во скопската котлина се очекува претежно облачно време со сончеви периоди и повремен дожд, кој попладне, локално, може да биде поинтензивен и проследен со грмежи. Максималната вредност на температурата ќе достигне 27°С.
Во Охридско-Преспанскиот регион се очекува претежно облачно време кое повремено ќе донесе услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне околу 24°С.
Во Дојран се очекува променливо време со повремен локален дожд проследен со грмежи. Максималната дневна температура ќе има вредност околу 29°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top