| четврток, 6 декември 2018 |

Во Холандија утре е прогласен ден на жалост

Во Холандија утре е прогласен ден на жалост поради 193-те холандски државјани кои загинаа при уривање на малезискиот авион во источниот дел на Украина.

Malaysia Airlines plane crashes in eastern Ukraine

Истражните органи на меѓународната полициска агенција Интерпол денеска започнаа процес на идентификација на настраданите на летот МХ17 со 298 патници и членови на екипажот.

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека среда е прогласен за ден на жалост, кога во Холандија ќе бидат пренесени првите тела на жртвите во минатонеделната авионска несреќа.

Интерпол соопшти дека нејзин тим во Украина денеска започнал со идентификација на жртвите.

– Досега собраните посмртни останки на жртвите се обележани и преброени, пред да бидат префрлени со вагони-ладилници од Доњецк до определениот оперативен центар во Харков, каде тимот на Интерпол, заедно со други меѓународни екипи за идентификација, ќе извршат првични прегледи, се наведува во соопштението од седиштето на агенцијата во Лион.

Во меѓувреме, претставникот на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина, Михаел Бочурков истакна дека на местото на уривањето на малезискиот авион се уште има остатоци од телата на жртвите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top