Русија ќе направи се што е во нејзина моќ за целосна, квалитетна и транспарентна истрага за несреќата на малезискиот „боинг“ над Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на седница на националниот
Совет за безбедност.
Како што пренесе ИТАР-ТАСС, Путин уште еднаш изрази сочуство до семејствата на жртвите во, како што ја нарече, ужасната трагедија.
Путин ја увери руската и меѓународната јавност дека ќе направи се што е во негова моќ, вклучувајќи го и неговото влијание врз сепаратистите, да помогне во истрагата.
– Не прозиваат дека им помагаме на претставниците на отпорот во југоисточна Украина. Повторувам: ќе направиме се што е во наша моќ, но тоа, се разбира, воопшто не е доволно, забележа тој.
Путин потсети дека при вчерашното предавање на црните кутии на авионот од страна на проруските активисти на странските експерти, украинските вооружени сили почнале тенковски напад врз градот Донецк.
– Тенковите стигнаа до железничката станица и таа беше гранатирана. Претставниците на отпорот сами не се гаѓале. На крајот на краиштата, треба да се повикаат и киевските власти да ги почитуваат елементарните етички норми и барем за малку да го прекинат огнот, дополни тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



