| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат и 65 повредени при експлозија на цистерна со гас во Турција

Едно лице загина, а најмалку 65 други се повредени денеска при експлозија на цистерна со гас во Југоисточна Турција, јави турската агенција Анадолија.

kanzas eksplozija

Експлозијата се случила претпладнево кога цистерната се превртела на пат во близина на градот Лиџе, на околу 150 километри северно од Дијарбекир, по што избувнал пожар што зафатил уште два автобуси и неколу други возила.

Според медицински извори, 20-тина од повредените се наоѓаат во тешка здраствена состојба.

Турските медиуми јавија дека за гаснење на пожарот на пожарникарите им биле потребни околку два часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top