
Скопје, но и останатите македонски градови, предградија и урбани области, ќе може да аплицираат и да станат дел од „Урбаната агенда на ЕУ“, проект што според комесарот за регионална политика Јоханес Хан, може да изнесува и до 351,9 милијарди евра во периодот од оваа година до 2020 година.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, еврокомесарот Хан, побара од граѓаните на Унијата да ги споделат своите ставови врз основа на „Урбаната агенда на ЕУ” во однос на тоа каква форма треба истата да заземе и како треба да се стави во акција. Тој повика на широк ангажман од страна на учесниците и жителите на градовите во консултација со јавноста, заедно со формална комуникација за поголема вклученост на градови во дизајнот на политиките на ЕУ и поголема кохерентност во начинот на кој институциите во Европа ќе се справуваат со урбаните предизвици.
Се работи за проект кој треба да им помогне градовите и урбаните области во справувањето со загадувањето, сиромаштијата, стапката на невработеност и енергетската ефикасност.
Иако првично се работи само за урбаните области во границите на Унијата, одговарајќи на прашање на дописникот на МИА од Брисел, комесарот за регионална политика на ЕУ, повикува и Скопје, како град кој има проблем со загадувањето, но и останатите македонски градови, да се јават за учество во оваа програма.
– Ова е првично за ЕУ, но би било интересно да се инволвираат и од другите европски земји во овој процес. Сите се поканети да партиципираат и да го подобрат квалитетот на живот на голем број на лица. Засега овој процес е на ниво на консултации, посочува комесарот Хан.
„Урбаната димензија на политиките на ЕУ” ја опишува ситуацијата на градовите ширум ЕУ и урбаните политики во земјите-членки, како и глобалната димензија на урбанизација. Притоа, се нагласува дека оваа агенда треба да ги одразува целите на ЕУ и мора да ги дополни националните политики во земјите-членки.
– Од загадувањето до сиромаштијата, стапката на невработеност до енергијата, не можеме да се соочиме со предизвиците на Европа или да ги постигнеме своите цели, освен ако не се справиме со овие прашања во европските градови преку урбаната агенда на ЕУ. Преку зајакнување на урбанистичката димензија, ние треба да го направиме ова, посебно што европските градови даваат поголема улога како партнери за ЕУ. Веруваме дека со подигањето на профилот на градовите во креирањето на политиката, ЕУ ќе одговори поефикасно на променливите потреби не само на оние кои живеат во урбаните области, но и на оние кои живеат надвор од градовите, но зависат од нивните услуги, истакна еврокомесарот Хан.
Со оглед на тоа што 72 отсто од вкупното население на ЕУ живее во градовите и предградијата, овој процент е веројатно да се престигне повеќе од 80 проценти до 2050 година. Комуникацијата наведува дека повеќе од две третини од сите политики на ЕУ директно или индиректно влијаат на градовите, како во областа на транспортот, така и во енергетиката и животната средина. Урбана агенда ќе има за цел поинтегриран пристап кон развојот на политиката, да се обезбеди конзистентност и да се избегнат контрадикции.
Консултациите со граѓаните за проектот се до 26 септември 2014 година. Таа ги поставува клучните прашања како што се: Зошто е потребна урбана агендата на ЕУ? Колку силен фокус треба да има? Каде може акцијата на ЕУ да донесе најмногу додадена вредност? Дали градовите треба да бидат вклучени во креирањето на политиката? И ако е така, како?
Меѓу многуте кои побараа „Урбана агенда на ЕУ”, досега беа Европскиот парламент, Комитетот на региони и Европскиот економски и социјален комитет, како и здруженијата на градовите.
Еврокомисијата организираше Форум на градови во февруари оваа година да ја направат оваа идеја. Грчкото претседателство на ЕУ, на почетокот на оваа година заклучи дека преку Кохезиската политика треба да се преземат чекори за напредување на оваа агенда со влез од локално, регионално, национално и ниво на Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


