| четврток, 6 декември 2018 |

Американскo беспилoтнo летало ликвидира шестмина припадници на Ал Каеда во Пакистан

pakistanНајмалку шестмина високи претставници на терористичката мрежа Ал Каеда во Пакистан се убиени во воздушен напад со американско беспилотно летало, јави ДПА.

Нападот се случил на 10 јули во реонот Датахел, во немирната провинција Северен Вазиристан, еден од седумте региони во кои пакистанската армија минатиот месец почна воена операција против локалните и странските екстремисти.

Меѓу убиените е и Мустафа Абу Јазид, командант за операции на Ал Каеда, објавија денеска американските медиуми. Тој важи за многу близок соработник на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, кој беше убиен во Пакистан во мај 2011 година од страна на американски командоси.

Смртта на шестмината терористи е потврдена и од братучед на Бин Ладен, кој се наоѓа во Сирија. Тој изјави дека шестмина „најценети наши другари“, се убиени во американски воздушен напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top