| четврток, 6 декември 2018 |

Поетскиот карван „Почувствувај ја Македонија“ во Прилеп

Друштвото на писатели на Македонија, младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ и здружението на пензионери на Македонија и иселеници, како иницијативен одбор на проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“ , го најавуваат третиот настан од поетскиот караван кој ќе се одржи на 27 јули 2014 година во Прилеп во дворот на манастирот „Св. Ѓорѓија“ – село Присад, со почеток во 12 часот.
На овој културен настан со своето читање ќе учестуваат: Василе Димески, Елена Пренџова, Бобан Богатиновски, Марина Мијаковска,  Васо Николовски, Марта Маркоска и Перо Миленкоски.
А, покрај нив, својата монодрама наречена „Крале Марко (Синот на Волкашин)“ ќе ја изведе Славчо Ковилоски и ќе може да се ужива во музиката на дуото „Signature“ составено од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара, восхитувајќи се на изработката на цветните пораки за мир од страна на човекот со огромна позитивна енергија Живко Поповски – Цветин.

Настанот ќе биде модериран од Сузана Апостолова и проследен фотографот Каролина Пандовска.

Како и на предходните два, така и на овој настан, ќе биде доделена наградата „Витез на Македонскиот Пишан Збор“ на еден од еминентните писатели од Друштвото на писатели на Македонија. Караванот има и хуманитарна нота – со симболична продажба на 30 книги, собраните средства се донација за Невладина Организација за Ревматизам и Артритис НОРА.

За сите оние кои сакаат да присуствуваат на овој настан организиранизаторите имаат програма која опфаќа:

– Превоз (Скопје – Прилеп – Скопје)
– Посета на манастирот Св. Ѓорѓија во село Присад
– Поетско читање со еминентни писатели
– Мала закуска
– Посета на прилепското вештачко езеро
– Факултативна прошетка низ градот Прилеп

Пријавување и дополнителни информации на телефонските броеви 078 854 057 и 076 630 619 или на електронската адреса [email protected]

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top