Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ освои два златни и еден сребрен медал на престижните Светски хорски игри што се одржаа во Рига, Летонија, градот кој годинава е европска културна престолнина.

Хорот „Света Злата Мегленска“ беше единствениот претставник од Македонија на хорската олимпијада, кој се натпреваруваше во конкуренција со речиси 600 хорски ансамбли од целиот свет, и тоа во шампионскиот дел. Нашиот хор го повтори успехот од пред две години, кога на светскиот хорски натпревар во Грац, Австрија, исто така освои две злата и едно сребро.

– Прекрасно беше чувството да се слушнат скандирањата и бурните аплаузи за нашата земја на прогласувањето на наградите во арената „Рига“, каде што присуствуваа над 10 илјади хористи – велат хористките од „Света Злата Мегленска“.

Хорот „Св. Злата Мегленска“, под диригентство на Летка Димовска-Полизова, се натпреваруваше во три категории: духовна (сребрен медал), световна и фолклорна категорија (златни медали) со 40 хора во секоја категорија поединечно, а ги оценуваше седумчлено жири составено од диригенти и композитори од целиот свет.
-Да се освојат два златни и еден сребрен медал во конкуренција од 500 хорови од целиот свет, верувам дека и за нив многу значи, а пред се за нашата држава и култура, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, потенцирајќи дека и понатаму министерството ќе ја поддржува нивната работа.

Андријана Јаневска се осврна на начинот на бодување, кое го вршела седумчлена комисија составена од врвни светски диригенти и музичари кои ја оценувале интонацијата, квалитетот на звук, општиот артистички впечаток како и доследност кон партитурата.
Најдобри резултати постигнавме во категоријата световна музика каде настапивме со композиции од македонски автори и во фолклорната категорија, каде настапивме исто така со дела од македонски автори.
Сите композиции со кои настапиле биле проследени со соодветна кореографија, а свиреле и на невообичаени инструменти, како коси, чекани, ѕвонци…
Хорот постои од 1996 година и во моментов во него членуваат 25 девојки. Има многу настапи зад себе и досега освоиле повеќе „Гран при“ награди, 11 златни, 8 сребрени медали. Наскоро хорот заминува во Германија, каде од 1-ви до 3-ти август ќе одржи три концерти во различни градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)
-
Триумф на македонските хорови: „Менада“освои второ место во Белгија, „Гортинија“ со „Мама миа“ настапи во Солун
-
Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на интернационален натпревар, следуваат концерти во Атина, Софија и Париз


