Во светот во јануари имало вкупно 1.453 богаташи чие богатство надминува една милијарда долари. Азија има 608 милијардери, Северна Америка 440, а Европа 324.
Меѓу поединечните земји по бројот на милијардери доминираат Соединетите Американски Држави и Кина со 408 и 317 богаташи, а зад нив следат Русија, Германија и Индија.
Мексиканскиот милијардер Карлос Слим е наведен како „најбогат човек на планетата“ со богатство од 66 милијарди долари. Седумдесет и тригодишниот милијардер се наоѓа и на врвот на листата на „Форбс“ на најбогати луѓе за минатата година.
Американскиот инвеститор Ворен Бафет и Аменсио Ортега од Шпанија, основач на брендот „Зара“, се вториот и третиот на листата на “Харун Рипорт“ со богатство од 58 и 55 милијардил долари.
Се проценува дека вкупното богатство на милијардерите е 5,5 илјади милијарди долари, колку што е вредноста на економијата на Јапонија за 2012 година.
Минатата година бил забележан скок на вредноста на богатството на приватниот сектор, се наведува во извештајот и се додава дека нето имотот на 10-те најбогати луѓе од листата пораснала за 22 отсто за една година, или 250 милиони долари дневно.
Недвижнините, телекомуникациите, медиумите, технологијата и малопродажбата се најчестите извори на богатство.
Реалниот број на милијардери би можел да биде и три пати поголем бидејќи голем број супербогаташи го кријат своето богатство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.