| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје: Познати победниците на конкурсот за најдобра фотографија

Stitched Panorama

На третиот конкурс за најдобра фотографија со мотиви од Скопје што на 15 јануари годинава го распиша Град Скопје пристигнале вкупно 53 пријави, од кои четиричлената комисија од Град Скопје ги избра најдобрите.

Првонаградената фотографија на Зоран Ефремов ќе му донесе 50.000 денари, а третата награда уште 30.000 денари. Второнаградена е фотографијата на Ламбро Патче, која ќе му донесе 40.000 денари.

SONY DSC

Според пропозициите, мотивите на фотографиите требаше да се од Скопје, да се достават фотографии со различни мотиви од главниот град, по избор на доставувачот на фотографиите. По желба на доставувачот, можеше да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии. Фотографиите не требаше да бидат постари од 5 години. На Конкурсот можеше да учествуваат професионалци и аматери, односно сите оние кои го сакаат фотографирањето да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции.

Stitched Panorama

Пристигнатите фотографии се разгледуваа под шифра за да се овозможи објективност при оценувањето.
Град Скопје го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи наградените фотографии во некомерцијални цели, порачува организаторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top