Десетици високи полициски службеници биле приведени во истовремени операции во 22 провинции во Турција рано утрово во рамки на истрагата по обвиненијата против т.н. „паралелна држава“.
Најмалку 40 лица биле приведени во Истанбул по обвиненија за шпионажа, незаконско прислушување и злоупотреби со официјални документи.
Најмалку 12 лица биле приведени во одделна операција против поранешни службеници на разузнавачкиот оддел за наводно извршување нелегално набљудување.
Има наредба за приведување на вкупно 134 осомничени.
Се смета дека операцијата е дел од владината борба против движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого премиерот Реџеп Таип Ердоган го обвинува за создавање „паралелна држава во рамки на државата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



