| четврток, 6 декември 2018 |

Влегол низ прозорец кај сосетката, па ја силувал

силување

Дваесет и четиригодишно момче е уапсено откако силувало 40-годишна жена во Скопје.

Според информациите на МВР, инцидентот се случил пред три дена, еден час по полноќ кога момчето преку прозорецот во кујната влегол во куќата на својата сосетка.

Најпрво физички ја нападнал и со закани и уцени ја силувал. Жената во обид да се спаси, почнала да вика, по што на помош притрчала нејзината мајка, која живеела во истата куќа на вториот кат. 

Во истиот момент била повикана и полиција, а силувачот не успеал далеку да побегне затоа што полициските „алфи“ го пронашле и го привеле во полиција.

За него е поднесена кривична пријава за физички напад и за силување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top