| четврток, 6 декември 2018 |

Украинската авијација отворила оган врз малезиските експерти

1319958-avion08-ap-foto-dmitry-lovetsky

Украинската авијација отворила оган врз групата малезиски експерти која се обидувале да дојдат до местото на уривањето на авионот Боинг 777, соопштија претставници на сепаратистите, кои ги придружувале возилата на експертите. Малезиските стручњаци морале да се вратат во Доњецк.

Претходно, водачот на сепаратистите ги предаде двете црни кутии на претставници на Малезија, Холандија и на ОБСЕ. На кутиите не биле индентификувани траги од интервенции, соопшти Советот за национална безбедност на Малезија.

Во меѓувреме возот со посмртните останки на патниците од авионот кои се урна на истокот на Украина стигна до Доњецк каде што малезиски стручњаци вршат увид. Потоа возот ќе замине за Харков.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top