| четврток, 6 декември 2018 |

ФБИ финансирал муслимани да изведуваат терористички напади?

fbi terorism

Американското Федерално истражно биро ФБИ ги охрабрувал, а понекогаш и ги финансирал муслиманите да изведуваат терористички напади за време на многубројните „оперативни замки“ по нападите од 11 септември 2001 година, соопшти организацијата Хјуманс рајтс воч.

Далеку од тоа дека ги штитела Американците од терористички закани, вклучувајќи ги и американските муслимани,  полицијата, како што е документирано во овој, извештај го пренасочила спроведувањето на законите со следење на вистински закани, се наведува во извештајот.

Со помош на Институтот за човекови права од Универзитетот Колумбија, оваа организација истражила 27 случаи почнувајќи од истрагата па се до судењето, интервјуирајќи 215 луѓе, вклучувајќи ги и оние кои се обвинети или осудени во случаи поврзани со тероризам, нивни блиски, адвокати на одбраната, обвинители и судии.

– Во некои случаи ФБИ можеби создавал терористи од поединци кои ги почитувале законите предлагајќи им да преземат терористички акции или охрабрувајќи ги да делуваат во тој правец, се вели во извештајот на Хјуман рајтс воч.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top