
Советот за безбедност на Обединетите нации во понеделникот навечер без глас проти ја изгласа резолуцијата за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина со барање обезбедување за „сигурен и непечен пристап“ до местото на несреќата и барање на одговорните за трагедијата во којашто загинаа 298 луѓе.
Меѓутоа и без разлика на тоа што резолуцијата за несреќата е донесена едногласно, забележлива е разликата во интерпретацијата на текстот на документот со кој се согласи и Русија, којашто инаку постојано од Западот и Киев покажувана како виновник за падот на малезискиот патнички авион.
Така, западните агенции во прв ред истакнуваат дека малезискиот авион „во четвртокот е урнат со ракета земја-воздух“ над источна Украина, во област којашто ја контролираат проруските бунтовници и дека со резолуцијата „се осудува уривањето на авионот“. Руските медиуми, пак, пренесуваат дека Советот „едногласно ја одобри резолуцијата за падот“ со која се бара „непристрасна меѓународна истрага на инцидентот“ истакнувајќи дека на усвојувањето на текстот „му претходеа дополнителни консултации на земјите членки на СБ на ОН“.
Со резолуцијата се бара од сите земји и протагонисти во регионот, меѓу кои и Русија како постојан член на Советот за безбедност при ОН, целосно да соработуваат во меѓународната, детална и независна истрага. Исто така, се бара во непосредна близина на местото на падот на авионот веднат да запрат сите активности кои би го загрозиле местото на несреќата, пренесува германската агенција ДПА. Со резолуцијата „најсилно се осудува нападот во кој е урнат авионот“ и се бара одговорните за тој чин да поднесат смета, а од главниот секрета на ОН, Бан Ки-мун се бара да „одреди можности со кои ОН може да помогне во истрагата“, пренесува германската агенција.
Руската агенција РИА Новости, пак, во извештајот, со повторувањето на барањето од „сите држави и актери во регионот целосно да соработуваат со меѓународната истрага за инцидентот…“, се задржува на тоа дека „Советот (за безбедност) инсистира достојно, со почит и професионално да се однесува со телата и останките на жртвите и ги повикува сите страни да обезбедат неизоставно исполнување на ова барање“.
Меѓутоа, агенција исто така наведува дека Резолуцијата 2166, за чија основа е земен предлог текстот на Австралија во кој се внесени делови од предлог текстот на Русија, „најостро ги осудува дејствијата кои довеле до тоа авионот да биде урнат, и треба да се спроведе сеопфатна и независна истрага на трагедијата“ во согласност со начелата на меѓународната цивилна воздушна пловидба“.
Агенцијата Итар-Тасс се задржува барањето на Советот за безбедност на ОН „од вооружение групи кои го контролираат местото на несреќата и приодните области“ да избегнуваат „уништување, преместување или оштетување на големите и малите остатоци, уреди, лични предмети и останки“. Пренесува и дека се осудуваат дејствата кои придонеле авионот да биде соборен и бараат „да се изнесат пред лицето на правдата виновниците за тој инцидент“, изразувајќи им сочувство на семејствата на жртвите, народите и земјите од кои потекнуваат настраданите.
Покрај тоа, резолуција „инсистира на итно обезбедување сигурен и непречен пристап до местото на падот „претставниците на специјалната набљудувачка мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и на претставниците на другите релевантни организации“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим


