| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската еврообврзница со историски најниска камата

евро

Kаматната стапка од 3,97 отсто за третата еврообврзница што минатата недела ја издаде Владата е најниската досега по која се задолжила која било земја во регионот, покажува споредбената анализа, пишува „Дневник“.

Ваквата ниска каматна стапка, сметаат експертите, е потврда дека инвеститорите ја гледаат македонската економија како стабилна.

Во регионот речиси и да нема земја што во последните години не издала една или неколку емисии на еврообврзници. Износите се различни и варираат од 280 милиони, па с` до шест милијарди евра. Слично е и со каматите, кои зависат од периодот на издавање, но и од процената на финансиските експерти за состојбата на домашната економија на земјата што се задолжува. Споредбата со земјите од опкружувањето покажува дека најниската каматна стапка е онаа што ја доби Македонија, односно 3,97 отсто, а највисока камата им била одредена на Албанија и на Бугарија и изнесува 7,5 отсто.

Издавањето на третата еврообврзница доаѓа во поволен период за земјава, сметаат домашните експерти. Професорот на Американ колеџ, Марјан Петрески, смета дека е позитивно тоа што Македонија може да се задолжи на комерцијалниот пазар со еврообврзница со релативно поволна каматна стапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top