
Потребите на телото не се исти во секоја возраст. Правилната исхрана е темел на здрав начин на живот. Со текот на времето се менува и телото, па така да она што го јадеме на 30 години не треба да се јаде и во педесеттите, предупредуваат американските научници.
Од 20 до 30 години
Јадете многу млечни производи бидејќи коските се уште растат а алкохолот треба целосно да се избегнува поради лошото влијание врз здравјето на ноктите, косата и кожата. Строга диета во текот на овој период не е препорачлива.
Од 30 до 40 години
Ќе почнете да чувствувате недостаток на енергија и замор, затоа би било добро кафето да го замените со суво овошје, особено кајсии и јаболка, и цели зрна. Избегнувајте шеќер и нездрави масти со цел задржување на тежината во нормални граници.
40-50 години
Се појавуваат првите знаци на анемија, поради која експертите препорачуваат квалитетно црвено месо, овошје и зелен лиснат зеленчук. Избегнувајте слатки, бидејќи на оваа возраст калориите потешко се трошат и може да добиете вишок килограми.
50-60 години
Во овој период имунитетот паѓа, па затоа е потребно консумирање на пробиотици и пиење на многу вода за да се избегне дехидрација. Јадете повеќе зеленчук и риба, додека сувомеснатите производи треба да бидат надвор од вашето мени.
По 70 години
Исхраната треба да биде врз основа на овошје, зеленчук, пилешко, риба, и не заборавајте да пиете многу течности, особено вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


