| четврток, 6 декември 2018 |

И руски експерт ќе биде дел од истрагата за падот на авионот

Украинскиот претседател Петро Порошенко наредил и руски експерт да биде поканет да учествува во истрагата за утврдување на причините за уривањето на малезискиот авион во четвртокот во Доњецката област во источна Украина.

rt_malaysia_plane_4_kb_140717_16x9_992

Како што јави ИТАР-ТАСС, Порошенко денеска при посетата на Амбсадата на Малезија во Киев изјави дека издал наредба покрај претставници на земјите чии државјани загинаа при уривањето на авионот, за учество во истрагата да биде поканет и претставник на Русија.

– Како украински претседател уште веднаш поканив претставници на државите кои имаат свои загинати во катастрофата, пред се на Холандија, Малезија, Германија, Велика Британија, Австралија и САД, но наредив да биде поканет и руски претставник со цел да се обебзеди максимална транспарентност, нагласи Порошенко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top