| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно оштетен автомобилот на братот на убиениот рибар кај Смиљковско езеро (ФОТО)

Повторно оштетен автомобилот на Ацо Стевковски – брат на рибарот Борче кој беше убиен во велигденскиот масакр кај Смиљковското езеро, пренесува Канал 5.

avtomobil-500

 Речиси идентично како и претходниот пат, лани во април, автомобилот бил исцртан со син спреј, а предното и задното стакло биле искршени.

Стевковски го потврди инцидентот. Утрово кога требало да го однесе својот татко во болница, пред зградата во Радишани го забележал автомобилот демолиран. Вели, не може да тврди кој стои зад ова бидејќи со никого не е скаран ниту должи некому.

Полиција извршила увид утринава и тој очекува дека овој пат ќе ги откријат сторителите за да не се повторува и во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top