| четврток, 6 декември 2018 |

Возот со телата на жртвите мора да тргне!

Холандските форензичари им рекле на вооружените проруски сили кои го чуваат возот полн со тела на загинатите патници од малезискиот авион, дека тој мора да тргне за неколку часа. Експертите на холандскиот национален форензичарски тим кој е специјализиран за откривање и идентификација на жртвите, барале вагоните, кои се паркирани во близина на градот Торез на истокот на Украина, да бидат запечатени, пренесува АП.

Ukraine Plane

Репортерите на американската агенција од лице место известиле дека мирисот на телата кои се распаѓаат е несносен.

Во возот со уред за разладување се наоѓаат повеќе од 200 тела на патниците кои загинаа кога во четвртокот беше срушен малезискиот авион, а еден железнички инженер за АП рекол дека уредот за разладување бил исклучен преку ноќ, иако не е јасно зошто.
Според него разладниот уред е вклучен повторно рано утринава.

Меѓународните истражители и понатаму имаат ограничен пристап на местото на нсереќата, која се наоѓа на територијата под контрола на проруските сили.

Во меѓувреме холандските експерти се упатија на местото на несреќата, 15 километри подалеку од местото каде што се наоѓа возот со телата, во придружба на набљудувачите на Организацијата за европска безбедност и соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top