| четврток, 6 декември 2018 |

„Малезија ерлајнс“ ќе исплати почетна помош од по 5.000 долари на семејствата на загинатите

malezija-avion-1

Малезиската авиокомпанија „Малезија ерлајнс“ денеска најави дека на семејствата на патиците кои загинаа во авионската несреќа што се случи во четвртокот во Украина, ќе им даде почетна помош од по 5.000 долари како „гест на добра волја“.

Во соопштението се наведува дека парите се со цел да им се укаже финансиска помош на семејствата.

Компанијата напоменува дека оваа парична помош нема никаква врска со надоместот за отштета што ќе им го исплати подоцна, ниту пак со правото на семејствата да покренат тужба.

„Малезија ерлајнс“ исто така соопшти дека на семејствата ќе им се обезбеди превоз, храна, хотелско сместување и помош при транспортот на телата на загинатите.

Авионот на малезиската компанија се урна во четвртокот над источна Украина, на пат од Амстердам кон Куала Лумпур, при што загинаа сите 283 патници и 15 членови на екипажот. Се верува дека авионот бил соборен со проектил.

Ова е веќе втора несреќа на авион од истата компанија оваа година. Во првата, на 8 март исчезна авион на пат од Куала Лумпура кон Пекинг со 239 патници и членови на екипажот. Леталото се уште не е пронајдено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top