| четврток, 6 декември 2018 |

Атина презема мерки за намалување на цената на лебот и на млекото

leb

Грчкото Министерство за развој ќе спроведе мерки за намалување на цената на лебот и млекото, како одговор на неодамна донесениот закон кој не се спроведува толку ефикасно како што се очекуваше.

Заменик-министерот за развој Герасимос Јакуматос соопшти дека од денеска ќе се спроведуваат инспекции за да се утврди дали се спроведува регулативата за задолжително мерење на векните леб, а прекршителите ќе бидат казнувани.

Со важечкиот закон, како што јави дописникот на МИА од Атина, се предвидува задолжително мерење на векните леб во присуство на купувачот, а цената за килограм леб и други пекарски производи ќе мора да биде видливо изложена.

Во меѓувреме почнаа преговори меѓу заменик-министерот и претставници на сточарите, млечната  индустрија и на ланците супермаркети со цел да се постигне договор за намалување на цената на млекото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top