Лекарите имаат помалку почит за дебелите пациенти, вели истражувањето спроведено на Универзитетот Џон Хопкинс.
Во студијата беа вклучени 238 пациенти од 14 здравствени установи во Балтимор. Пациентите и докторите пополнувале прашалници во кои ги искажале своите ставови и перцепции едни за други.
Резултатите покажале дека лекарите имаат помалку почит за дебели пациенти.
Покрај тоа, студијата дека дебелите луѓе имаат зголемен ризик од умирање порано од болести како што се рак, срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и болести на бубрезите и на црниот дроб.
Најчестите ризици од срцеви заболувања, дијабетес и карцином го скратуваат животот за 6,5-13,7 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.