| четврток, 6 декември 2018 |

Кампањата во источна Украина секој месец го чини Киев 130 милиони долари

Par7838598.jpg

Антитерористичката кампања во источна Украина секој месец го чини Киев над 1,5 милијарди украински гривни (130 милиони долари) и затоа властите имаат потреба од дополнителни средства за покривање на растечките трошоци, соопшти денеска украинскиот министер за финансии Олександар Шлапак.

– Треба да побараме дополнителни ресурси за оваа операција, рече Шлапак на средбата со лидерите на партиите застапени во украинскиот Парламент.

Министерот за финансии уште додаде дека украинската економија во првото полугодие од 2014 година ослабнала за пет проценти.

Киев прогнозира дека годинава ќе забележи пад на бруто домашниот производ од 6,5 проценти, иако претходно предвидуваше намалување од три проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top