| четврток, 6 декември 2018 |

Храна што треба да се избегнува пред одење на плажа

Ако се подготвувате за заминување на годишен одмор и планирате да го поминете на плажа, еве неколку намирници што треба да ги избегнувате ако не сакате проблеми со варењето. 

couple-enjoy-beach-thumb-597xauto-2417

Газирани пијалаци
Пред одењето на плажа избегнувајте ги апсолутно сите газирани пијалаци бидејќи тие сигурно ќе ви предизвикаат подуеност.

Солена храна 
Иако не мора да значи дека ќе предизвика подуеност во стомакот, солената храна предизвикува задржување на течности во организмот. Затоа избирајте храна што има што помалку натриум во себе.

Зеленчук од фамилијата зелка 
Иако кељот, зелката и брокулата се одлични намирници за слабеење, не е препорачливо да ги земате пред одењето на плажа бидејќи предизвикуваат подуеност.

Гума за џвакање 
Звучи сосема безоопасно, но гумата за џвакање, всушност, може да предизвика подуеност и тоа затоа што со џвакањето ќе се наголтате голема количина воздух.

Слатки пијалаци 
Ако сте поборници за слатки пијалаци и коктели на плажа, размислете уште еднаш: меѓу природните шеќери и вештачките засладувачи што се наоѓаат во сите пијалаци, високото ниво на фруктоза може да предизвика подуеност.

Млечни производи 
Ако имате каква било форма на нетолеранција на лактоза – избегнувајте млечни производи пред одењето на плажа. Предизвикуваат подуеност и многубројни други желудочни проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top