Радарот за рано предупредување од системот за противракетна одбрана на НАТО, лоциран во турскиот град Кјуреџик во окрухот Малатија предизвика полемики во Турција поради тврдењето на турската опозиција дека тој обезбедува информации за Израел.
Лидерот на најголемата опозициска партија Републиканска народна партија Кемал Калачдароглу изјави дека радарот симултано доставува информации на Израел. Според него Владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган треба да ја стопира активноста на радарот ако сака да ги убеди Турците дека Анкара искрено ги поддржува Палестинците во Појасот газа.
Турското Министерство за надворешни работи вчера издаде соопштение во кое се тврди дека радарот на НАТО е искористен за „неосновани тврдења“ во Турција и оти Анкара „прави исклучителни напори за да стави крај на нападите на Израел во Газа и да обезебди трајно примирје“.
– Противракетниот систем на НАТО и радарот во Кјуреџик како дел од него обезбедуваат заштита на народите, териториите и силите на сојузничките држави, во кои спаѓа и Турција. Невозможно е системот да обезбедува заштита на некоја земја, која не е членка на НАТО. Како што е познато Израел не е членка на НАТО. Податоците обезбедени преку системот на НАТО се споделуваат меѓу сојузниците според досегашната методологија на НАТО. Не станува збор за споделување на таквите информации со земји кои не се сојузници на НАТО, изјави портпаролот на турското МНР Танџу Билгич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток