Австралиските власти соопштија дека бомбаш-самоубиецот што во четвртокот во терористички напад во Багдад уби најмалку три, а рани десетици други лица, бил 18-годишен тинејџер од Мелбурн.
Терористичкиот напад беше извршен на еден од пазарите во ирачкиот главен град, покрај една џамија. Момчето застанало меѓу луѓето што се нашле во тој момент на пазарот и ја активирало експлозиваната направа, поставена во неговиот специјално направен елек за вакви самоубиствени напади.
Првата информација за идентитетот на терористот ја објави на интернет милитантната исламистичка,сунитска група Исламска држава Ирак и Левантот (ИДИЛ), објаснувајќи дека нападот е дело на Абу Бакар ал-Аустрали. Тоа не е неговото вистинско име, но признанието на ИДИЛ предизвика вознемиреност во австралиската јавност.
Државниот обвинител Џорџ Брандис изјави дека станува збор за „вознемирувачки развој на настаните“ затоа што еден Австралијанец учествувал во борбите во Ирак и Сирија.
Ова е втор случај еден австралиски муслиман да биде регистриран како бомбаш-самоубиец во судирањата во сириската и ирачката граѓанска војна.
Во Сиденј се оценува дека вклучувањето на австралиски државјани во ИДИЛ и во другите илитантни, исламистички групи претставува закана за внатрешната безбедност на Австралија затоа што може да предизвика натамошна радиклизација на домашните муслимани и да доведе до префрлање на судирањата од Блискиот Исток на австралиско тло.
Министерот за надворешни работи на Австралија, Џули Бишоп, изјави дека Владата во Канбера вложува напори да се спречи радикализацијата на младите Австралијанци и да се запре заминувањето во странство за учество во борбите во Сирија и Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



