Очилата за сонце не само што нѐ штитат од сончевите зраци, туку и се еден од омилените модни додатоци кои ги носиме во секое годишно време.
Овално лице – Доколку имате овално лице, односно високи јаболчици, а мала брада, вам ви стојат секаков вид очила.
Четриаголно лице – Доколку ширината на челото и на брадата ви е слична, најдобро би ви стоеле кружни очила, средна големина.
Долгнавесто лице – Доколку имате долго лице, одлучете се за големи и кружни стакла.
Кружно лице – Четриаголни рамки со стакла во темна боја се совршени за луѓе со големо, кружно лице.
Срцевиден облик на лице – Доколку имате нагласени јаболчици и широко чело со мала брада и уста, вам најдобро би ви одоговарале светли заоблени стакла од средна големина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



