| четврток, 6 декември 2018 |

Холандскиот тим влезе во возот за да изврши увид на телата на жртвите во падот на авионот

Malaysia Airlines plane crashes in eastern Ukraine

Тимот холандски експерти денеска ги истражува телата на загинатите при уривањето на малезискиот авион во Украина, кои се донесени во воз во гратчето Торез, во близина на реонот на падот на авионот.

Со маски на лицата, придружени од претставници на Организацијата за безбдност и соработка во Европа (ОБСЕ), експертите ги отвориле петте вагони, за кои се тврди дека се ладилници.

Тие информации можеби не се точни, бидејќи според репортери присутни на местото, од вагоните се ширела силна миризба.

И покрај тоа Петер ван Вилет, судско-правен експерт, кој раководи со тимот, рече дека телата, кои според ИТАР-ТАСС се на 251 жртви и 66 делови од тела, се чуваат во добри услови.

На местото на несреќата, според последните податоци се пронајдени 272 тела, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top