| четврток, 6 декември 2018 |

Кери го критикуваше Израел не знаејќи дека го снимаат

Американскиот државен секретар Џон Кери го критикуваше Израел, не знаејќи дека микрофонот е вклучен.
Кери му зборува за убиените израелски војици во Газа на претставникот на Стејт департментот Џонатан Фајнер, пред да се појави во емисијата на „Фокс њуз сандеј“.

keri

– Се надевам дека не мислат дека тоа е повик да одат и да направат повеќе. Подобро би било тоа да им е предупредување, при тоа фрустрирано додавајќи „Сто отсто тоа е прецизна операција“.
Кери обраќајќи му се на Фајнер наведува „мораме тоа таму да го надминеме. Џон мислам дека вечерва треба да одиме таму. Мислам дека е лудост само да седиме. Ајде“.

Кога водителот на емисијата Крис Валас го праша Кери за тоа што го зборуваше, државниот секретар изјави дека Израел има право на самоодбрана.

– Мислам дека е многу, многу тешко во такви ситуации, очигледно е многу тешко. Имате луѓе кои излегуваат од тунелите. Имате право да влезете и да ги уништите тие тунели. Во целост го поддржуваме тоа. И го поддржуваме правото на Израел да се брани против ракетите кои продолжуваат да доаѓаат. Хамас го почна тој процес на ракетирање, откако Израел се обиде да ги најде луѓето кои ги убија тројцата  млади луѓе, знаете – едно американско дете, три млади граѓани на Израел. Тоа е срамота, посочи Кери.

Тој наведе дека е тешко да се има таков вид операција. Реагирав како што секој реагира со почит кон малите деца и цивиилите.
– Но, војната е тешка и тоа го кажав јавно и сега го повторив. Го браниме правото на Израел да го направи тоа што го прави за да стигне до тие тунели, рече Кери.

Тој апелираше до Хамас да биде разумен и да прифати примирје.

Кери денеска отпатува за Каиро, каде ќе разговара за кризата во Појасот Газа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top