Во рамките на Вевчанското културно лето „ВевКул 2014“, со поддршка на Општина Вевчани, Детскиот креативен центар „Звезда“ во периодот од 23 до 27 јули ќе одржи креативни драмски и костимографски работилници.
Ќе учествуваат дваесетина деца на возраст од 7 до 15 години од Вевчани кои ќе се стекнат со практични вештини и знаења.
– Идејата е во иднина оваа работилница да прерасне во летна креативна работилница, која, покрај драмската и костимографската уметност, ќе опфати и музичка, ликовна, како и други уметности – вели градоначалникот Цветомир Угриноски.
Работилницата е прва од ваков тип и ќе се одржи во просториите на Детската градинка „Планински цвет“ во Вевчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


