Директорот на затворот „Идризово“ Живко Пејковски изјави дека штетата предизвикана од пожарот во столарската работилница не е голема.
– Пожарот се случи изутринава во 4 часот во старите објекти на притворот. Тие се стари објекти уште од шеесеттите години, со стара електрична инсталација. Штетата не е голема. Опожарена е кровната конструкција и работилницата – изјави Пејковски за МИА.
Тој додаде дека се уште не се утврдени причините за пожарот и дека екипата на МВР заедно со претставниците од затворот вршат увид.
Благоја Менковски, командант на Бригата за противпожарна заштита на Град Скопје изјави дека во моментов се врши догасување и расчистување на објектот и оти нема опасност пожарот да се прошири на другите објекти во затворот, бидејќи за кусо време е ставен под контрола.
Противпожарната единица дејствувала со седум противпожарни возила и 20 пожарникари, а според Менковски меѓу нив нема ниту еден повреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.