| четврток, 6 декември 2018 |

Златна зора им го пере мозокот на децата со часови по „грчка историја“

Ултрадесничарската Златна зора почнала да држи часови по грчка историја на основци, а курсевите, како што објасниле, биле со цел за „национално будење“ на нивните „мали пријатели“.

Владата и останатите парти ги осудиле овие активности на Златна Зора, која негира дека е неонацистичка партија, иако користи нацистичка литература, но и често се пресметува со имигрантите.

Курсевите по историја почнале минатата недела, а нивни ученици биле деца чии родители се согласиле да добијат таква едукација. Министерството за образование соопштило дека ниту една партија нема право на таков начин да манипулира со деца, а радикалната левичарска СИРИЗА ги обвини дека „им го перат мозокот на децата со националистичка пропаганда“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top