Изминатата ноќ во кабарето „Дак“ во Охрид, двајца млади охриѓани нападнале неколку странски државјани.
Според Министерството за внатрешни работи, се работи за А. Ф. (33) и Ж. Р. (24), кои откако ја забележале 58-годишната М.Ф.како седи во друштво со неколку државјани на Р.Турција и САД, тие физички ги нападнале. Туристите се здобиле со телесни повреди, а момчињата после тоа го искршиле и инвентарот во објектот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


