| четврток, 6 декември 2018 |

Улицата кај „Рекорд“ повторно отворена за сообраќај

rekord

Улицата кај „Рекорд“ повторно се отвора за сообраќај. Градот Скопје ја заврши реконструкцијата на коловозната лента во должина од 200 метри, на потегот од Тетарот за деца до автобуската постојка спроти поранешен „Рекорд“, односно до клучката со улицата „Никола Вапцаров“.

Градежните работи започнаа на 3-ти јули и завршија дури и пред ветениот рок.

Ова беше едно од четирите најоштетени автобуски стојалишта во Скопје. Минатата година се санираше автобуското стојалиште спроти МАНУ, а оваа година планирано е да се реконструираат уште три.

Инвестицијата за оваа реконструкција изнесуваше четири милиони денари, а градежните активности ги изведе ГП „Бетон“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top