| четврток, 6 декември 2018 |

Русија смета на дестабилизација за да ги постигне своите стратегиски цели во Украина

Crisis in Ukraine - Clashes

Вниманието на светот во последниве недели се сврте од Украина кон насилствата прво во Ирак, а потоа и во Појасот Газа. За тоа време, украинските сили, по сѐ изгледа, напредуваат против проруските бунтовници во источниот дел од земјата. Но, тоа не е крајот, ниту пак е знак дека се наближува украинскката победа, во кризата со безбедноста во срцето на Европа.

Протерувањето на проруските сепаратисти од нивните упоришта во Славјанск пред десетина дена, беше несомнено пробив за Украина. Украинската армија, која пред два месеци изгледаше лошо опремена и со ниска мотивација, беше реорганизирана, доби сосема нова состав, и сега е со повисок боев дух.

Освен ако бунтовниците кои се прераспоредија во источните престолнини Луганск и Доњецк не избегаат и од таму, може да се плати огромна цена за враќањето на контролата над тие градови, како со цивилни жртви така и со штети по домовите, индустриските објекти и врз инфраструктурата.

Освен тоа, претседателот Владимир Путин има исклучително висок рејтинг како претседател на Русија по анексијата на Крим во март. Пропагандната машинерија, во што се претвори руската телевизија, продолжува без сопирање да сервира вести за претерана украинска офанзива против рускоговорното население во источна Украина.

Затоа Путин не може да си дозволи да бидат разбиени бунтовниците, што би изгледало како негов личен пораз, без да постигне макар некшто од поопширните цели на Русија во Украина. Станува збор за гаранции дека Украина нема да се приклучи кон Нато, за побавна интеграција во ЕУ, и /или преминувањее кон послабо централизирана, федерална структура на Украина, која на Русија ќе и даде трајно влијание и форма на вето врз влијанието на Киев во евроатланските структури.

Дестабилизацијата на источна Украина е главниот лост за Москва во обидот да ги постигне тие цели.

Русија може да избере да ја подржи ситуацијата на постојано зовриен конфликт, од кој произлегоа илјадници бегалци, разурнување на индустриското срце на Украина, и поткопување на способноста на Киев да се опорави од се поголемите економски и управувачки проблеми во земјата.

Изгледа Москва продолжува да држи на масата варијанта за суштинска инвазија во источна Украина, делумно како форма на психолошка војна против Киев. Нато објави дека откако бројот на руските воени сили на границата бил намален за две до три илјади души на почетокот на јуни, од неодамна бројката повторно се зголемила за 10-12 илјади војници, вклучително и сегменти со повисока боева готовност со тешко оружје.

По се изгледа Москва стигнала до ситуацијата кога потенцијалната цена за жесток одговоро е опасно висока – вреќи за загинати војници кои ги враќаат во Русија, економска мачнина од стравот да не ја заубат источна Украина, и нови санкции од западот.

Наместо тоа, таа веројатно ќе продолжи да внесува луѓе и оружје преку границата, искористувајќи ги како покритие своите во близина распоредени војски. Според некои информации од последните денови, десетици руски ракетни системи ја преминале границата блиску до Луганск.

Во официјална и детална изјава од понеделникот која стигна од Министерството за надвореши работи на САД, стои дека „иако Русија тврди дека се залага за мир, нејзините дејства не се совпаѓаат со реториката“.

– Немаме докази дека поддршката на Русија за сепаратистите престанала. Всушност, нашата оценка е дека Русија продолжува да ги снабдува со тешко оружје, друго боево оружје и со финансии, се додава во соопштението.

Се погротескните тврдења на руската телевизија за украински „геноцид“, вклучително и соопштението за украинските војници кои „распнале на крст три годишно дете на гавниот плоштад во Славјанск“, можат да дадат претекст за ваквата намера. Всушност, поверојатно е тие да послужат за собирање на повеќе доброволци кои ќе се борат на страната на бунтовниците.

Русија може исто така тајно да се обидува да урне украински авиони од своја територија, создавајќи зона за забранети летови во источна Украина и поткопувајќи ја важната надмоќност на украинската армија над бунтовниците. Тврдењето на Киев дека во понеделникот воен транспортер бил урнат од руска ракета, иако тоа се уште е непотврдено, може да се покаже како прв таков случај.

Загриженоста од ескалација на санкциите,иако за тоа во ЕУ нема едногласност, може да помогне да се воведат некакви ограничувања на поведението на Русија. Всушност, ако како што тврди Вашингтон „Русија не е интересирана за мир во источна Украина“, сегашното фокусирање кон тоа прашање во меѓународнте преговори со Москва може да биде погубно.

Ставањето крај на крвопролевањата во источниот дел од земјата веројатно може да се постигне само со посеопфатни повеќестрани преговори на високо ниво за статусот на Украина, вклучувајќи и деликатни прашања како што е воената неутралност на земјата. За жал, желбата на западните лидери да се зафатат со соодветна енергична, но реална дипломатија, се уште изгледа слаба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top