Столарската работилница во затворот во Идризово изутринава изгоре во пожар, што избувнал околу 4 часот. Причините за пожарот се уште не се знаат.
Според Благоја Менковски, командант на Бригата за противпожарна заштита на Град Скопје, во моментов се врши догасување и расчистување на објектот, нема опасност пожарот да се прошири на другите објекти во затворот бидејќи за кусо време е ставен под контрола.
Противпожарната единица дејствувала со седум противпожарни возила и 20 пожарникари, а според Менковски меѓу нив нема ниту еден повреден. Засега се уште не се знае причината за избувнувањето на пожарот. Се очекува припадници на МВР, односно крим-техника по догасувањето на пожарот да пристапат на терен и да направат увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



