
Сите вработени во амбулантите и во болниците во Газа работат смени по 12 часа. Бледи се од премореност но работат, со надчовечки напори, иако во болницата Шифа не зеле плата за минатите четири месеци. Но, тие се грижат, се обидуваат да бидат разумни во хаосот на безживотни тела, неподвижни, оние кои крварат, оние кои уште дишат или веќе ја испуштиле душата. На луѓето! Сега, „најморалната армија на светот“, овие луѓе ги третира како животни.
Моето почитување кон ранените нема граници. Исто е и со болничарите, кои бескрајно ги почитувам во нивната одлучност да помогнат. Мојата близина со Палестинците ми дава сила, иако често посакувам да вриснам, да го прегрнам детето кое крвари, да го заштитам…Но, не можам тоа да си го дозволам. А не можат ни тие.
Повторно пристигнуваат десетици повредени. Локви крв насекаде во амбулантата Чистачите со лопат ги чистат крвавите облеки, парчињата ткива, косата на убиените и се тоа за по некое време да дојдат други жртви. И се така отпочеток.
Повеќе од 100 лица примивме во последните 24 часа. Тоа е премногу и за добро опремена болница. Немаме струја, вода, лекови, кревети, инструменти…Но, тие херои, болничарите, не се жалат. Работат.
И додека го пишувам ова, солзите ми течат, а оркестарот на израелската воена машина почнува повторно да ја свири својата грозна симфонија. Во овој момент над главата летаат авионот Ф16 и хелихоптери „Апачи“, а ракетите на израелската морнарица слетуваат на брегот. Се направено и финансирано од САД. Господине Обама, имете ли срце?
Ве повикувам да дојдете и да минете со нас една ноќ во болницата. Да се маскирате во чистач, можеби?
Убеден сум дека тоа ќе ја смени историјата. Никој кој има срце и толку многу моќ не може да замине од болницата Шифа без желба да го сопре колежот на палестинскиот народ. Ве молам, направете се што е во вашата моќ! Ова не може да продолжи!
Проф. д-р Мадс Гилберт
Клиника за ургентна медицина, Северна Норвешка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


