| четврток, 6 декември 2018 |

Струга втор пат домаќин на фестивалот ДримОН

инка

Во организација на здружението Иницијатива за независен културен активизам ИНКА , од среда 23 до недела 27 јули, на летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци„ Струга ќе се одржи фестивалот за процесирање култура ДРИМOН.
Под мотото „нурни длабоко“ и оваа како и минатата година организаторите подготвија богата и разновидна програма која нуди можност да се доживеат тематски и жанровски различни области од уметноста и културата. Програмата опфаќа предавања, креативни работилници, уметнички, театарски и музички перформанси, изложби, видео проекции на авторски филмови од Македонија. Оваа година застапени се и неколку странски учесници кои доаѓаат од Србија, Германија, Холандија и Франција.

Програмска новина е летниот саем на книга во кој се застапени изданија на ИЛИ ИЛИ, Магор, Темплум, Македоника Литера и Блесок. Саемот, заедно со базарот на уметнички производи ќе работат за време на целиот фестивал.

Целта е со овој фестивал да претставиме креативни производи кои се темелат на знаење, умешност, љубов, автентичност и корисност.

– За нас оваа поддршка е од огромно значење и показател дека нашата иницијатива е препознаена како вредна за развојот на заедницата – велат од ИНКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top