Унгарска национална трговска куќа, прва во регионот, формирана од Унгарската инвестициска агенција, ќе биде отворена денеска во Скопје.
Отворањето на Унгарската национална трговска куќа во Република Македонија, информираат од Министерството за економија, ќе значи зголемена можност за унапредување на економската соработка меѓу двете земји преку реализирање на нејзината основна цел – олеснување на контактите меѓу македонските и унгарските компании и јакнење на меѓусебната деловна соработка.
На отворањето ќе се обрати министерот за економија Беким Незири и заменик-министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во Скопје: Маж пронајден мртов во куќа
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Кралицата Елизабета им подари луксузна куќа на Меган и Хари
-
Кралицата ги иселува Меган Маркл и принцот Хари од палатата: Глумицата бесна поради одлуката!? (видео)