Денешниот ден ќе помине во генерално сончево и топло време. Во текот на вечерта ќе настапи позначително наоблачување во североазападниот регион, каде во текот на ноќта се очекуваат и нови врнежи од дожд, објави порталот „Метеопро“.
Утрото ќе биде топло. Минималната температура ќе биде во границите од 17°С до 22°С.
Температурата ќе има повисока вредност во однос на недела.. Максималната ќе достигне вредност околу 32°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 30°С во југозападното подрачје. Најтопло, до 36°С ќе биде во јужниот тек на Вардар.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.
Во скопската котлина се очекува претежно сочнево време со слаб ветер. Во текот на ноќта ќе се зголеми облачноста и истата ќе донесе нови врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 20°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 33°С.
Во Охридско-Преспанскиот регион се очекува сончево време . Денот ќе биде за нијанса потопол, а максималната дневна температура ќе достигне околу 30°С.Дојран очекува топол и претежно сончев ден со максимална температура околу 35°С
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.