| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава недела во Газа, 100 убиени Палестинци и 13 Израелци

Речиси стотина Палестинци загинаа во неделата во израелското бомбардирање на главниот град на истоимената палестинска енклава Газа, што е најголем број жртви во еден ден од почетокот на судирот во Појасот Газа од 8-ми јули, каде загинаа и 13 израелски војници.
Палестинските челници и организацијата Арапска лига го обвинија Израел дека со бомбардирањето на квартот Шеџаија во Газа сторил „воено злосторство“, а генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун објави дека се подготвува да ја посети областа за да се обиде да го спречи судирот во кој животите ги загубија 435 Палестинци.
Меѓутоа, неделата е црн ден и за израелската армија бидејќи загинаа тринаесет војници од елитната бригада Голани, а бројот на израелските жртви во речиси две неделата офанзива се искачи на 18, што не забележано уште од Либанската војна во 2006 година. Притоа, израелската армија има најмалку 55 ранети припадници. „Знаеме дека нема борба без загуби и знаеме дека мораме да ја извршиме нашата задача. Тоа го правиме и е го правиме“, изјави началникот на Генералштабот на Армијата за одбранa на Израел (ЦАХАЛ), Бени Ганц.

Неговата изјава дојде по интензивното бомбардирање на квартот Шеџаија, кој е во близина на израелската граница, во коешто загинале најмалку 62 лица, што е најголем број жртви во бомбардирањата по судирите од ноември 2008 до јануари 2009 година кога загинаа над 1.400 Палестинци и над сто Израелци. Вкупно на тринаесеттиот дена од израелската офанзива „Линија на одбраната“ во Појасот Газа загинале 97 луѓе и е најкрвавиот ден досега.

„Грубото бомбардирање и копнената офанзива врз Шеџаија се воено злосторство над палестинските цивили и опасна ескалација којашто може да има тешки последици“ предупредува панарапската организација Арапска лига.

Палестинската влада го осуди нападот како „гнасно злосторство“ и ја повика меѓународната заедница „веднаш да реагира на ова воено злосторство“, Во израелската офанзива досега загинале најмалку 435 луѓе во Газа а повее од три илјади се ранети, главно цивили и покрај повторените повици на меѓународната заедница на воздржаност. Обединетите нации во Газа во своите кампови прифатиле досега 81 илјада луѓе.

На дипломатската сцена, челникот на светската организација Бан Ки-мун во неделата треба да пристигна во областа, а претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абаз во Доха да се сретне со водачот во егзил на исламистичкото движење Хамас, против чија инфраструктура е покрената израелската офанзива, Халед Мешал кој бара целосно укинување на блокадата на Газа, отворање на граничниот премин Рафах кон Египет, ослободување на палестинските затвореници и дозвола за рибарење, за да биде прифатено примирјето.

Неколку стотици луѓе учествуваа во неделата попладне во Лондон на произраелска манифестација пред израелската амбасада во Лондон, откако во саботата во Париз и повеќе француски градови, како и во Лондон се одржаа пропалестински манифестации. Истовремено во Лондон повеќе десетици луѓе одржаа свој собир кој траеше два часа, од 14 до 16 часот, но полицијата ги држеше двете групи на оддалеченост и нема уапсени.

„По повеќедневните ракетирања од Газа, сега е време меѓународната заедница да ја покаже својата поддршка на Израел и неговото право на самоодбрана“, соопшти Ционистичката федерација на Велика Британија и Ирска, којашто го организираше произраелскиот собир, додавајќи дека се залага „за мир, а против теророт“.

Околу три илјади луѓе протестираа во знак на поддршка за Палестинците во неделата во холандската престолнина Амстердам, што мина без инциденти. Тие бараа „прекин на крвавата израелска офанзива врз Газа“. Според медиумските извештаи, луѓе од разни возрасти, Арапи и Европејци, се собраа на амстердамскиот плоштад Музеумплеин наспроти прочуениот Ријскмузеум, од каде се упатија кон центарот на градот со транспаренти на коишто пишуваше „Запрете ја војната“ и „Израел е воен злосторник“, носејќи палестински и знамиња на блискоисточните арапски земји, како и на Турција извикувајќи „Ослободите ја Палестина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top