„Суперхикс“ е македонска ска-панк група со реге, латино, џез, свинг и балкански музички влијанија. Групата била формирана во 1993 година, од три средношколски другари: Петар Младеновски, Зоран Жежов – Кечо и Борис Минов. На почетокот, “Суперхикс” свиреа мелодичен панк/хардкор, но подоцна, во групата била вклучена и тричлена дувачка секција составена од труба, тромбон и флигел хорна, како и моќен перкусионистички сет, воден од Гоце Наумов – Индијанецот.
Во својата кариера, “Суперхикс” ја делеа сцената со големи имиња од светската музичка сцена, како: Ману Чао и Радио Бемба Саунд Систем, Фан Ловин Криминалс, Тито и Тарантула, Хенри Ролинс, Рико Родригез (Спешлс), Фишбоун, Фандаментал, Морчиба, Хладно пиво и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.